МКФ одреди симболични цени за неделниот дуел со Романија

В недела во 18:15 часот македонската кошаркарска репрезентација ќе го одигра вториот натпревар во рамки на втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. На домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија, а натпреварот ќе се одигра во „Vip Арената“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Влезниците за овој натпревар веќе се пуштени во продажба и ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари во продажната места на МК ТИКЕТС. Билети ќе можат да се купат и на билетарата при СЦ „Борис Трајковски“ в недела од 14:00 часот.

Поддршката им е потребна на македонските кошаркари за да го зададат потребниот удар и да се квалификуваат во следното ниво на квалификации за континенталниот собир.