МКФ ќе бара чаре: Никој не сака да го организира Купот на Македонија

Кошаркарскиот Куп на Македонија доаѓа наскоро, но ниту еден од клубовите не покажа интерес за организација и плаќање на минималната сума од 500.000 денари за домаќинство на клупскиот настан во мак-баскетот.

На денешната лицитација ниту еден клуб не доставил барање за организација, по што Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе мора да ја земе работата во свои раце и да бара чаре во која сала ќе се игра настанот од кој дел ќе бидат осум екипи.

Решението околу организацијата се очекува да пристигне во наредните денови, ако се земе предвид дека Купот на Македонија веќе е закажан, од 16 до 18 февруари. Актуелен првак во натпреварувањето е екипата на Карпош Соколи, која лани во финалето го доби Фени Индустри.