МКФ им понуди прволигашко место, битолчани прифатија: КК Пелистер нов прволигаш!

Битолски Пелистер ќе биде последниот учесник во кошаркарската Прва лига, откако денес ја прифати поканата од МКФ да го пополни местото во најсилната категорија. Битолчани минатата сезона завршија на четвртото место во Втората лига и главно играа со млади битолски кошаркари.

Сепак по потврдата дека заедно со Охрид и Вардар кои беа на првите две места минатата сезона и битолчани ќе играат во елитата, Општина Битола како единствен акционер во клубот даде „зелено светло“ за учество и набргу ќе изготви многу поголем буџет за засилувањата во Првата лига, наместо досега планираниот за Втора лига.

И натаму е неизвесно по каков систем на натпреварување ќе се игра првиот дел од Првата лига пред плеј-офот кога ќе се приклучат двата македонски претставници во АБА лигата, МЗТ Скопје и Карпош Соколи