МКФ домаќин на меѓународна клиника за судии

За првпат во нашата историја, Македонската кошаркарска федерација тековната седмица ќе организира клиника за судии на која покрај арбитри од нашата држава учество ќе земат и меѓународни.

Судиите ќе слушаат предавања од меѓународни ФИБА инструктори како и на претставници од одделот на судии при ФИБА, а ќе ја делат правдата и на неколку натпревари во рамки на домашното првенство од Првата лига жени, Втората лига мажи и натпревари од завршниот турнир во јуниорската машка конкуренција (кошаркари до 18 години).

Од Македонија учество ќе земат Бисера Јакова, Петар Петровски и Христијан Тасевски. Останатите учесници се Стефан Стефанов (Бугарија), Роко Хордов (Хрватска), Тони Антон Реиќ (Хрватска), Јасмина Морено Алкараз (Шпанија), Лауре Коанус (Франција), Висар Буњаку (Косово) и Јевгениј Нагорњи од Украина.