Митревски: Оваа шанса не ја добива секој, морам да ја искористам

Андреј Митревски е најмладиот кошаркар на собирот на селекцијата на Македонија. Младиот бек роден 2003 година доби повик од Александар Тодоров и ќе конкурира за едно од местата за „балонот“ во Талин.

Кошаркарот кој игра за ТФТ, а е позајмен од Феникс, вели дека ова е шанса која мора да ја искористи, затоа што не секој добива можност да биде дел од најсилната македонска кошаркарска селекција.

„Повикот во репрезентацијата го гледам како голем поттик за понатаму. Фактот дека за прв пат треба да бидам дел од оваа селекција значи многу за мене. Тоа ми е уште поголем мотив да работам напорно во животот. Нормално е дека сум подготвен, оваа шанса не ја добива секој, и не се добива секогаш. И затоа морам и да ја искористам. Го одработуваме првиот тренинг, и навистина сум многу сум возбуден. Искрено е надевам дека ќе дадам се до себе на тренинзите па ќе видиме што ќе направиме понатаму“, изјави Митревски.

Македонија во „балонот“ ќе игра две натпревари, против Италија и Естонија. Кошаркарите по првите две рунди имаат два порази.