• Мартин Танасковски
Македонската кошаркарка Анжелика Митрашиновиќ се врати од повреда и имаше официјално деби за бугарска Монтана.
Нашата репрезентативка и капитенка настапи на дуелот против Рилски Спортист кој заврши со победа на Монтана (82-60) во рамки на лигата. Митрашиновиќ постигна 12 поени (3/6 за два, 1/3 за три, 3/4 слободни), плус уште шест скока и три асистенции.
Митрашиновиќ пристигна во Бугарија пред стартот на оваа сезона, но беше надвор од терените поради повреда и немаше настап на официјален меч, само на пријателски натпревари.