Митрашиновиќ избрана за МВП на финалната серија

Екипата на Баскет КАМ ја потврди доминацијата оваа сезона и по освоениот Куп, денес ѝ се радува и на трофејот од Првата кошаркарска лига на Македонија.

Во големото финале против Бадел 1862, избраничките на Александар Ашаданов одиграа уште една фантастични средби и со сигурни 3-1 за првпат во својата историја стигнаа до титулата во домашниот шампионат. Најзаслужна за големиот успех на Баскет КАМ е Анџелика Митрашиновиќ, која својата одлична сезона ја круниса и со индивидуално признание. Таа е избрана за најдобра кошаркарка во оваа последна фаза. 

Митрашиновиќ вистински лидер на тимот не само на овие четири меча од големото финале, во кое патем кажано, собра 29 индексни поени. Беше на чекор до троен ефект. На 24 поени (20 во првото полувреме), придодаде и 10 асистенции и девет скока. 

Апсолутна доминација на теренот наградена со МВП трофејот кој го додели спортскиот сиректор на КФСМ, Тодор Гечевски.