Митрашиновиќ: Имаме свои шанси да ја победиме Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе го одигра третиот натпревар во квалификациите за Европското првенство. Нашите кошаркарки ѝ гостуваат на Хрватска, селекција која е фаворит на средбата. 

Најава за натпреварот даде капитенката Анџелика Митрашинови која е нашето најсилно оружје.

„Мислам дека секоја девојка која стапна на теренот го даде својот максимум. Покажавме сите до една, како треба да се бори за националниот дрес. Можеби во дадени моменти не не посака среќата. не погодивме некои отворени шутеви. Но сето тоа останува зад нас. Фокусирани сме на наредниот натпревар. И да се обидеме да дојдеме до победа на гостувањето во Хрватска.

Колку што знаеме селекцијата на Хрватска е влезена во проблеми со повреди. Нивниот најдобар играч се повреди на средбата со Грција, па репрезентацијата на Данска го искористи тоа, и победи овде во Славонски Брод. Сметам дека и ние треба да го искористиме тој момент, секако, под услов да се со истиот ростер“, изјави Митрашиновиќ.

Натпреварот во Славонски Брод меѓу Хрватска и Македонија се игра во терминот од 18:00 часот.