Митевски: Притисокот е на страна на Еуроникел, ние треба само да дадеме максимум

Младата екипа на МЗТ Скопје Уни Банка овој викенд ќе се обиде да ја запише првата победа во новата година на дуелот со Еуроникел.

Максим Митевски верува дека тимот е подготвен да ги поправил грешките од претходниот меч на кој запиша пораз.

„Очекуваме пред сè да ја играме нашата игра, да веруваме еден во друг и да ги следиме инструкциите на тренерот Даскаловски. Се подготвуваме долго за овој натпревар, и цел ни е да ги поправиме грешките од минатиот кои нè чинеа победа. Притисокот е на страна на противникот, нам ни останува да излеземе на теренот и да го дадеме нашиот максимум“, вели Митевски.

МЗТ Скопе Уни Банка е последен на табелата со само една победа и пет порази во тековната сезона.