Митевски: На нас е да докажеме дека Македонија има потенцијал!

Македонската кошаркарска репрезентација во целост е насочена кон дуелот со Романија за старт на претквалификациите за Мундобаскетот. 

По подготвителниот период во Гевгелија, македонскиот табор се врати во Скопје и тука ќе остане до среда, а потоа заминува во Куманово. Во пресрет на заминувањето својот став го сподели Максим Митевски. 

„Земајќи в предвид дека сме се млади играчи, атмосферата можам да кажам дека е одлична. Имаме голема енергија и големи очекувања пред сè да покажеме на Македонија има надеж и потенцијал во нас младите. Нам ни останува да го дадеме максимум. 

Имавме добар подготвителен период, каде во пријателските натпревари против Швајцарија покажавме дека сме на добар пат. Се надевам дека остатокот од подготовките ќе мине исто така добро. Пред сè од здравствен аспект. Сигурно дека со напорен тренинг на теренот во Куманово ќе истрчаме максимално подготвени“, изјави Митевски.

Македонија ќе ја дочека Романија во Куманово в сабота на големиот празник Илинден во терминот од 20:00 часот.