• Мартин Танасковски

Екипата на МКК Куманово по поразот во дербито со МЗТ Скопје се врати во колосек, со гостинска победа над Гостивар (65-79) во рамки на шестото коло во машката кошаркарска Суперлига.
- Комплетниот натпревар меѓу Гостивар и МКК Куманово:
Кумановчани на Докузовски го откажаа ривалот со одлично второ полувреме, во кое двајца играчи направија голема разлика. Тоа беа високиот центар Урош Луковиќ и македонскиот репрезентативец Максим Митевски, кои имаа свое шутерско шоу, посебно во четвртата четвртина кога учествуваа во скоро сите поени од игра на својот тим.
Урош Луковиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок зад своето име, постигнувајќи 17 поени и 15 скока, додека Митевски постигна 20 поени со уште шест скока. Кај Гостивар се истакна Марјан Младеновиќ со 16 поени, пред Кенан Карахоџиќ со 15 поени.
МКК Куманово е втор на табелата со скор 5-1, додека Гостивар е на деветтата позиција со една победа и пет порази.
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија










