ФОТО: Мите не мирува ни повреден, дели совети крај аут-линијата на „вечното дерби“

Димитар Мираковски нема среќа и оваа година да ја доигра финалната серија до крај, затоа што се повреди на првиот дуел од „вечното дерби“ меѓу МЗТ Скопје и Работнички и мора да биде надвор од терените.

Но, тоа не значи и дека мирува. На дербито во СЦ „Борис Трајковски“, второ од серијата, популарниот Мите беше на клупата на Работнички. Заедно со Марин Докузовски ја подготвуваше тактиката и воопшто не мируваше.

Емотивно реагираше на секој поен на центарци, а истовремено на прекините делеше и совети на помладите, посебно на Бобан Стајиќ, кој го менува на плејмејкерската позиција додека е повреден.