Митчел во елемент, Кливленд прв до предност во плеј-офот со Орландо

Екипата на Кливленд Кавалирс го одбрани домашниот терен и забележа победа над Орландо Меџик (97-83) на отворањето на плеј-oфот на најквалитетната светска кошаркарска лига, НБА-лигата.

Кавси покажаа одлична тимска енергија на теренот и дојдоа до триумф во кој играа под контрола во сите четири квартали. Уште од почетокот Кливленд замина на 31-19 и водеше константно, а најблиску што ривалот дојде на овој меч беше на „минус четири“ (60-56).

Сепак, следеа црни минути до крајот на третиот период, затоа што Кливленд замина пак на 73-58 и мечот тука веќе беше готов. Последните 12 минути беа во знакот на кавси кои мудро ја зачуваа овој пат високата позитива.

Тимот до посакуваната стартна победа го водеше Донован Митчел кој заврши со 30 поени, а Ален оствари дабл-дабл учинок од 16 поени и 18 скока, исто како и Мобли (16 поени, 11 скока). Кај Орландо, Банчеро даде 24, а Франц Вагнер 18 поени.

Серијата меѓу Кливленд и Орландо продолжува со втор меч во Охајо закажан на 23. април (01:00 часот).