Миротиќ пресреќен: Трансферот во Барса е чекор напред во кариерата

Иако пред да замине во НБА лигата истакна дека се чувствува „мадридиста“ и нема никогаш да заигра за Барселона, шпанскиот репрезентативец роден во Црна Гора, Никола Миротиќ денес беше претставен како нов кошаркар на каталонската гордост.

Во полчасовниот разговор со седмата сила, најскапиот кошаркар во Европа изјави:

„Ги разбирам луѓето кога зборуваат, но за мене потписот со Барса е чекор напред во кариерата, голем чекор напред. Животот во Америка не е едноставен, посебно за моето семејство. Знам дека не е лесно да се и игра за Барса. Притисокот да се освојат сите титули ме одушевува. Тоа е една од причините заради кои дојдов тука. Пред два дена кога потпишав, се слушнав со Пешиќ. Беше голем ентузијаст, јас ги делам неговите чувства за овој наш заеднички проект“.

Миротиќ позираше со дресот со број 33 и околу него ќе се вртат многу работи во новиот проект на најзасилената екипа во Европа ова лето.