Миротиќ нерешлива енигма за Зенит, трета победа во низа за Басконија

Барселона баскет

Барселона остана перфектна и по петтото коло во Евролигата. Каталонскиот тим на домашен терен одигра убедлив натпревар и го совлада руски Зенит (84-58).

Уште по првиот дел се знаеше кој ќе биде конечниот победник. Гостите одиграа лоша прва, а уште полоша втора четвртина, во која постигнаа само осум поени. Тоа го искористи домаќинот за да се наметне и да се одлепи на високи 44-27 на полувреме. Предноста растеше како што одминуваше времето, а Зенит одигра незаинтересирано и само чекаше да го напушти теренот. За рускиот клуб ова е втор пораз на последните три натревари на европската сцена.

Никола Миротиќ блесна со 20 поени кај домашната екипа, а ниту еден од гостинските играчи не запиша двоцифрен број поени.

  • Барселона - Зенит 84-58:

Трет триумф во низа запиша Басконија, откако славеше на домашниот дуел со Монако (78-66). Сите четвртини беа израмнети, па одлучи подобриот момент на шпанскиот претставник во третиот период. Избраниците на Душко Ивановиќ перфектно ги имплементираа советите по паузата и со двоцифрена разлика направија голем чекор кон победата.

  • Басконија - Монако 78-66:

Фонтекио постигна 20, Ноко заврши со 14, а Енок и Грејнџер запишаа по 12 поени за Басконија. Кај гостите се истакна Анѓушиќ со 15 поени.