• Мартин Танасковски
Шпанскиот кошаркар Никола Миротиќ повторно е жешка тема во кошаркарските медиуми. Се шпекулира дека тој има понуда од француски Монако за да го засили тимот за следната сезона во Евролигата.
33-годишниот поранешен НБА играч има договор со Милано за следната сезона, но може да си замине, веројатно со некое обештетување на тимот. Миротиќ имаше просек од 16,9 поени и 5,7 скока во минатата сезона во Евролигата.
Нејасно е дали Милано е подготвен да се раздели со играчот без да добие отштета, или дали клубот одлучил да ја сврти страницата и е подготвен да го ослободи Миротиќ. Миротиќ минатото лето беше еден од најпосакуваните играчи во Европа, по одлуката на Барселона да го ослободи поради финансиски причини.