Миротиќ ја одведе Олимпија Милано до нов трофеј во Италија

Кошаркарите на Олимпија Милано стигнаа до 31-та титула во клупската историја со победата над Виртус во финалната серија од 3-1.

„Манекените“ синоќа на свој терен го совладаа тимот на Виртус од Болоња со 85-73 во четвртиот натпревар од финалето на плејофот на националниот шампионат. Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Миротиќ со 30, додека Николо Мели постигна 12 поени. Во редовите на Виртус се истакна Исаја Кордиње со 21 поен.

Така, кошаркарите на миланскиот клуб оваа сезона ја комплетираа двојната круна на домашно тло, откако претходно славеа и во Купот на Италија.

Според најавите, од следната сезона дресот на Олимпија Милао ќе го носи нашиот Ненад Димитријевиќ.