Миротиќ херој во драмата, Олимпија Милано на еден триумф од титулата

Екипата на Олимпија Милано славеше над Виртус Болоња во вториот натпревар од финалната серија во италијанската Серија А (81-78). Домаќините одиграа најдобро во самиот финиш од мечот и на крајот заслужено ја однесоа победата. 

Милано започна за нијанса подобро од ривалот, но Виртус не се предаваше лесно и одржуваше мала негатива во текот на целиот натпревар. Домашниот тим на паузата имаше предност од само два поена, 46-44, но клучниот удар го зададе во последната четвртина. 

Гостите од Болоња имаа во два наврата само еден поен негатива, но Олимпија не го положи оружјето и реши да замине дома со триумф со конечни 81-78.

Најефикасен во победничкиот состав беше Никола Миротиќ со 21 поен, а негово дело беа и клучните два поена пред истекот на времето. Шпанскиот репрезентативец прецизно изведе слободни фрлања, Армани поведе со 81-78 и со истиот резултат на крајот го затвори мечот. 

Третиот натпревар од финалната серија ќе се одигра на тринаесетти јуни, со почеток во 20:30 часот. Екипата од Милано е на само еден триумф од нова шампионска титула во Италија