ВИДЕО: Миротиќ ги уништи „кралевите“, Барса пак слави во „Ел Класико“

Се наѕира најуспешната екипа по регуларниот дел во шпанската Ендеса лига. Во дуелот од 27. коловторото првенствено „Ел Класико“ донесе нова победа на Барселона против Реал Мадрид. Каталонците славеа со резултат 97-82 и сега имаат два бода повеќе од Реал на врвот, но го делат првото место со Басконија.

Реал одлично го отвори дуелот во „Палау Блауграна“. „Кралевите“ одиграа одличен прв период, без грешки во двата правци и поведоа со резултат 17-24. Барселона возврати во втората четвртина и на пауза замина со предност од 37-36.

Во третата четвртина се случи неверојатен пад во играта на Реал, кој домаќините го искористија. Тимот на Јасикевичиус го доби овој период со 31-17, па во последните десет минути влезе со големи +15. Реал спушти на 80-74, но Барса додаде „гас“ и стигна до убедливи 97-82.

Џанан Муса го заврши натпреварот со 23 поени, пет скока и две асистенции и беше најефикасен во поразениот табор. Во редовите на Барселона, Никола Миротиќ уште еднаш беше најдобар поединец со 23 поени и шест скока.