Мирковски: Очекувам максимално вложување од кошаркарите

Владимир Мирковски е новиот тренер на клупата на сениорската екипа. Новиот тренер е назначен после спогодбениот раскин на договорот со Игор Гацов. По неколкугодишниот ангажман во Кина, Владимир одлучува да се врати во Македонската Прва лига на клупата на Академија ФМП, после успешните ангажмани во екипите на Бест Гевгелија и МЗТ Скопје Аеродром.

Новиот тренер ги соопшти првичните импресиите и очекувањата од екипата:

„Соработката со Академија ФМП се случи спонтано и неочекувано, за време на паузата во азиските лиги поради кинеската Нова година. Оваа екипа е составена претежно од млади играчи кои јас многу добро ги познавам од младинските лиги. Очекувам максимално вложување на играчите, а фактот дека мојата работа за нив не е непозната е голема предност и предуслов за успешна соработка“, вели Мирковски.

Покрај работата во Кина, Владимир во својата кариера беше тренер на Бест Гевгелија, селектор на репрезентацијата на Македонија до 16 години и беше асистент во екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Мирковски освои повеќе титули како тренер во младинските категории на Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, а освои титула и во Првата македонска лига како асистент на МЗТ Скопје Аеродром.