Мирковски ја доби довербата и останува на чело на Куманово

Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово ги потврди шпекулациите и ја продолжи соработката со актуелниот тренер на првиот тим Владимир Мирковски на уште една  сезона. 

Мирковски во Куманово го презеде на полусезона и ја внесе потребната позитивна атмосфера во екипата, а со тоа дојдоа и посакуваните резултати, по што управата му ја додели довербата да остане на кормилото и во наредната натпреварувачка сезона.

Во својата кариера Мирковски освен на тренерската позиција во Куманово, ги предводел и тимовите на ФМП и МЗТ Скопје. Својот прв мандат во редовите на кумановски тим го имаше од август 2020 до јануари 2021 година.

Македонскиот претставник во ФИБА Еврокупот и БИБЛ лигата имаше турболентна сезона и поради финансиските проблеми не успеа да ги забележи посакуваните резултати и не се пласира во разигрувањето за титулата.