Мираковски: Штета, проблемите не дозволија Работнички да се покаже во вистинско светло

Кошаркарите на Работнички минимално го победија Хелиос Домжале во Златибор (76-77), со што ги оживеаја шансите да го избегнат плеј-аутот во АБА2 лигата. 

Тренерот на центарци, Димитар Мираковски по натпреварот со Хелиос зборуваше за ротацијата, проблемите со повреди и коронавирусот, но се осврна и на малите шанси за десеттото место. Тој нагласи дека пропуштениот „балон“ во Бања Лука бил најголемиот проблем за Работнички. 

„Се виде исцрпеност кај нашите играчи, да не се повторуваме, играме само со седум играчи. Сепак, се договоривме со цврста одбрана да одиграме на мал број поени и така победивме. Честитки до Хелиос, тие се добра екипа, многу натпревари загубија во последни секунди. Слично како и пред неколку денови, така беше и со МЗТ Скопје губевме на крајот, но сега не посака среќата. 

Голема штета е што не игравме во Бања Лука, се обидовме да ги надополниме трите службени порази, ама не успеавме. Навистина жалам што поради корона и повреди, Работнички не успеа да се прикаже во вистинско место. Сепак, ќе се бориме докрај и има математики за да го избегнеме плеј-аутот, па не се откажуваме“, изјави Мираковски. 

„Црвено-белите“ загубија три службени натпревари кои ги чинеа многу, а потоа запишаа и неколку порази во последните секунди, па сега се во позиција да се борат за избегнување на плеј-аутот.