Мираковски: Невозможно беше да се игра на четвртиот меч во осум дена

Мираковски

Само два дена по дуелот со Кожув во македонското првенство, екипата на Работнички замина на гостување кај Студентски Центар во АБА 2 лигата. Дуелт целосно им припадна на домашните кошаркари кои го искористија заморот на противникот за да запишат убедлив триумф во првото коло.

Тренерот на тимот од „Градски Парк“, Димитар Мираковски, причината за овој висок пораз ја пронајде во гутстиот распоред во изминатите осум дена.

„Студентски Центар е навистина квалитетна екипа и според мене фаворит број еден за влез во АБА лигата. Морам само да го посочам нашиот густ распред. Имаме среќа што некој од момците не се повреди. Ова е наш четврти натпревар во последните осум дена. Физички беше невозможно да се игра по поминати 1.000 километри за да стигнеме тука. Распоредот е навистина премногу за нас“, изјави предводникот на македонскиот претставник.

Работнички одигра и неколку дерби средби во домашното првенство, што дополнително ги исцрпи кошаркарите.