Мираковски: Главните играчи ни играа по 35 минути, немавме енергија

Работнички дојде до финалето на завршницата во Купот на Македонија, но во мечот за титула не успеа да слави над вечниот ривал МЗТ Скопје. Тренерот на центарци, Димитар Мираковски, по натпреварот кажа дека евидентен бил заморот од напорниот ритам и трите меча во три дена.

„Се виде дека игравме многу натпревари, главните играчи ни играа по 35 минути. Бундовиќ и Питс на мечот со МЗТ немаа енергија и тоа беше видливо. Дефназивно не можам ништо да им замерам на играчите, ниту офанзивно иако не бевме на ниво. Бевме тука некаде, иако се приближувавме, не успевавме да дојдеме до израмнување. Сега кратка пауза е пред нас, па мора да се обидеме да ја освоиме титулата во првенството. Агресивноста на МЗТ беше пресудна. Не можевме да го пронајдеме вишокот во нападот и не ги исполнивме нашите замисли“, изјави Мираковски.

Центарци на стартот на плеј-офот ги чекаат натпревари со дебитантот ТФТ, а серијата се игра до две победи.