• Мартин Танасковски

Најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички доживеа нов пораз во АБА-2 лигата и загуби од Борац, а тренерот Димитар Мираковски по натпреварот истакна дека неговите играши прерано се предале во натпреварот и дека загубените топки во првиот дел го направиле своето.
„Знаеме со какви проблеми со соочуваме и каква ротација имаме. Играчите прерано се предадоа, бевме со седум играчи, направивме катастрофални грешки, на полувремето имавме 12 загубени топки. Сега гледам дека останавме на тие загубени топки. Откако кошаркарите видоа дека можат многу повеќе, заиграа подобро, се дигна самоодвербата, бевме блиску и до победа. На крајот заморот си го стори своето, ќе пробаме да одиграме подобро на следните мечеви“, изјави Мираковски.
Центарци го доживеаја осмиот пораз по 11 одиграни меча, а следниот дуел е со Хелиос Домжале.