ВИДЕО: Минути за уживање – како Самарџиски си поигра со Спарс!

Екипата на МЗТ Скопје извојува убедлива победа над Спарс како најава за меѓусебната пресметка во полуфиналето на АБА2 лигата. 

Македонскиот вицешампион во последниот натпревар од регуларниот дел на регионалното натпреварување со 93-77 го декласира босанскиот тим, а човек на одлука беше репрезентативниот центар, Предраг Самарџиски, Новајлијата во редовите на МЗТ нè наврати на неговите најдобри денови и со „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 14 скока им најави на Босанците што ги очекува во полуфиналниот двомеч. 

  • Погледнете ги атракциите на искусниот центар на мечот во „Јане Сандански“:

МЗТ лигашкиот дел го заврши на третото место со скор 15-7. Пред македонскиот тим е Спарс Сараево со 16-6 и лидерот Приморска со 20-2. Четвртото место, кое воедно е последното кое носи во плеј-офот, му припаѓа на Борац со скор 13-9.