• Саше Љолес

АБА лигата и сите нејзини учеснички решија да ги започнат натпреварите од петнаесеттото коло со минута молк за сите жртви кои настрадаа во масакрот во Цетиње кој го изврши 45-годишниот Ацо Мартиновиќ.
Убиецот стрелаше во 14 луѓе, од кои единаесет го загубија животот, а во Црна Гора е прогласена тридневна жалост поради крвавиот настан кој го потресе целиот Балкан.
Натпреварите од 15. коло во АБА лигата започнаа со мечот меѓу Игокеа и Морнар, а сите натпревари од оваа рунда ќе бидат комплетирани во периодот меѓу 3 и 6 јануари. Лидер на табелата во моментов е Партизан, кој има подобра кош-разлика од Будуќност и Црвена Звезда.