• Иван Димовски
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс се радуваа на победа над Голден Стејт Вориорс од 121-110 и се пласираа во конференциското финале на Западот во НБА лигата. Во пет меча „волците“ ја решија серијата во своја корист, а клучен момент во овие натпревари се испостави повредата на Стеф Кари. Не можеа „воините“ да се спротивстават без својот најдобар кошаркар и доживеаја елиминација.
- Минесота Тимбервулвс - Голден Стејт Вориорс:
Прво име во победата беше Џулиус Рендал со 29 поени зад своето име, додека одличен беше и Ентони Едвардс со 22 поени, 12 асистенции и седум скока. Во таборот на Вориорси се истакна Подзиемски со 28, а 26 поени уфрли Куминга.
Шампионот Бостон остана „жив“ во серијата со Њујорк Никси откако го доби петтиот меч со 127-102 за 3-2 во серијата. По целосно израмнетото прво полувреме Селтикси заиграа значително подобро во продолжението и иако без Џејсон Тејтум стигнаа до висок триумф.
- Бостон Селтикс - Њујорк Никс:
Дерек Вајт со 34, односно Џејлен Браун со 26 поени, 12 асистенции и осум скока го предводеа Бостон. Кај Никси најдобар беше Харт со 24 поени.