ВИДЕО: Минесота до втор „брејк“ кај Голден Стејт, Никси третпат го срушија шампионот

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс славеа на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс (110-117) и поведоа со 3-1 во четвртфиналната серија во НБА лигата. Вреди да се напомене дека Вориорси повторно беа без првата ѕвезда и апсолутно најдобар играч Стеф Кари.

  • Голден Стејт Вориорс - Минесота Тимбервулвс:

Средбата во Сан Франциско понуди израмнет прв дел, а потоа Тимбервулвси се наметнаа и направија разлика со одличен трет период. Иако „воините“ имаа добра завршница, не успеаја да направат кам-бек. Џулиус Рендл со 31 и Ентони Едвардс со 30 поени ја предводеа Минесота до победата. Во Голден Стејт се истакна Куминга со 23, додека по 14 уфрлија Батлер и Грин.

До трета победа во серијата стигна и Њујорк кој го доби класикот со Бостон со 121-113. Никси првпат го искористија домашниот паркет, па по минатиот меч на кој Селтикси направија брејк стекнаа одново предност од две победи.

Овие две серии сега се селат во Бостон, односно Минесота. Следните натпревари се на програмата ноќта меѓу среда и четврток.