• Иван Димовски
Францускиот тим Метрополитан Булоњ Левалоа доживеа вистински пад, бидејќи во следната сезона ќе се натпреварува во вториот ранг на кошарката во оваа земја.
Ова немаше да биде ништо чудно, ако не се знаеше дека Метрополитан минатата сезона се бореше за трофејот во Франција, а ја загуби финалната серија од Монако. Големата промена во тимот беше заминувањето на новата НБА ѕвезда, Виктор Вембањама. Ова младо момче беше вистински лидер на тимот и главна алка во два правци, па неговото заминување веројатно е ненадминливо.
Вембањама со Метрополитан играше на врвно ниво, а со тоа си заработи да биде прв пик на ланскиот драфт. Иако во моментов Французинот не игра плеј-оф со Сан Антонио, тој беше големо освежување во лигата на САД.
Што се однесува до самиот Метрополитан, оваа сезона по 33 кола има само четири победи и е убедливо најслаб тим во француското првенство, а поради тоа следната сезона ќе има второлигашки статус.