ВИДЕО: Милвоки слави кај Орландо, Атланта ја доби Филаделфија

Кошаркарите на Милвоки победија на гостувањето во Орландо со 121-99 и ја запишаа седмата сезонска победа во НБА лигата. Иако Никола Вучевиќ одигра неверојатен натпревар и запиша „дабл-дабл“, тоа не беше доволно пред новиот тимски перформанс на Бакси. 

  • Орландо Меџик - Милвоки Бакс:

Домаќинот парираше на стартот пред гостите да се одлепат. Милвоки држеше двоцифрена предност до крајот третиот период, а „магичните“ се вратија во натпреварот и стигнаа на -2. Сепак, со серија од 16-0 Бакси целосно се одлепија и стигнаа до убедлива победа. Најефикасен беше Вучевиќ со 28 поени и 13 скокови, а собра и пет асистенции. Кај Милвоки се истакна Антетокумбо со 22 поени, а по 20 впишаа Портис и Мидлтон.

Атланта Хокс беа убедливи против Филаделфија 76ерс и победија со 112-94. Тре Јанг го водеше својот тим до ново славје, а иако гостинот во „Стејт Фарм Арена“ парираше, немаше сили за изненадување. Јанг беше најпрецизен со 26 поени, додека Ембид го следеше со 24.

  • Атланта Хокс - Филаделфија 76ерс:

На останатите терени, Шарлот слави со Њујорк Никс (109-88), Мемфис го доби Кливленд (101-91), Вашингтон победи со Феникс (128-107), Портланд минимално триумфира над Торонто (112-111) и Сакраменто беше поуспешен од Индијана (127-122). Натпреварот меѓу Далас и Њу Орлеанс во Тексас беше одложен.