Милвоки потпиша договор со Демаркус Казинс

Демаркус

Бранителот на НБА титулата, Милвоки Бакс, се засили на центарската позиција со Демаркус Казинс.

Искусниот кошаркар доаѓа за да помогне во обидот на Бакси да го повторат минатогодишниот успех. Минатата сезона 31-годишникот ја мина во Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс. Ветеранот се очекува да донесе искуство во редовите на Милвоки. Казинс во својата десетгодишна НБА кариера има просек од 20,4 поени и 10,6 скока.

Играше седум години со Сакраменто Кингс до трејдот во Њу Орлеанс во 2017 година и потпиша последователни договори како слободен агенти со Голден Стејт, Хјустон, Лос Анџелес Клиперс и сега со Милвоки.