• Мартин Танасковски

Раководството на Милвоки Бакс официјално потврди дека дресот со број 34, кој го носи Јанис Адетокумбо, ќе биде повлечен од употреба и засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот.
Со оваа одлука, Милвоки ќе му оддаде највисока можна почит на еден од најголемите кошаркари во историјата на франшизата, кој остави неизбришлива трага во НБА. Гркот го напушти клубот, ќе игра за Мајами Хит во следната сезона.
Адетокумбо израсна во вистинска легенда на Бакс, освои шампионска титула, две МВП признанија за најкорисен играч во лигата, како и бројни индивидуални награди и рекорди во дресот на клубот.
Повлекувањето на дресот со број 34 значи дека ниту еден кошаркар во иднина нема да може да го носи тој број во Милвоки, а Јанис и официјално ќе добие место меѓу најголемите легенди во историјата на франшизата.
