ВИДЕО: Милвоки победи на седмиот меч во Бруклин, историска вечер на Дурант

Милвоки

Кошаркарите на Милвоки Бакс победија минимално на седмиот натпревар на гостински терен кај Бруклин Нетс (111-115) и се пласираа во источното конференциско финале.

Мечот донесе епски дуел меѓу Кевин Дурант и Јанис Антетокумбо, кој на крај имаше среќен крај за грчкиот кошаркар. Бакси се првите финалисти и во следната фаза ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Филаделфија и Атланта.

Историска вечер имаше Дурант кој запиша 48 поени, најмногу во седми натпревар во историјата на НБА лигата. Тој беше човекот кој погоди во одлучувачките моменти и го однесе натпреварот во продолжение.

Меѓутоа немаше сила да ја доврши работата во дополнителните пет минути. Тогаш одново ја зеде топката во свои раце и шутна за ново израмнување, но овојпат беше далеку од целта.

Антетокумбо беше најдобар во својот тим. Гркот запиша 40 поени и 13 скока.