• Иван Димовски

Ноќва во НБА лигата се одиграа две средби, а истите беа искористени од домаќините за да ги израмнат сериите на 1-1 против фаворизираните ривали.
Кошаркарите на Бостон Селтикс славеа во дуелот со Милвоки Бакс (109-86), со што ги израдуваа своите фанови во „ТД Гарден“. Иако шампионот направи брејк во првиот натпревар, немаше сили за нов подвиг и убедливо беше поразен во Бостон. Дуелот беше целосно едностран, Селтикси имаа константна предност која беше висока и Бакси немаа што да бараат резултатски.
- Бостон Селтикс - Милвоки Бакс:
Џејлен Браун ги предводеше поентерите со триесет, додека Џејсон Тејтум уфрли еден помалку. Во таборот на бранителот на тронот, стандардно најдобар беше Јанис Антетокумбо со 28 поени, на кои надоврза и девет скока.
До израмнување во серијата дојде и Мемфис во пресметката со Голден Стејт (106-101). Гризлис, предводени од Џа Морант, успеаја да до надиграат фаворитот и запишаа огромна победа пред својата публика во „ФедЕксФорум“.
Младиот плејмејкер беше на прагот од „трипл-дабл“, уфрли неверојатни 47 поени, а надоврза по осум скока и асистенции. Од друга страна, Стеф Кари беше најдобар во Вориорси со 27 поени, девет скока и осум асистенции.
Серијата на овие ривали сега се сели и ќе продолжи во Милвоки и Сан Франциско.