ВИДЕО: Милвоки одигра шампионски против Голден Стејт, продолжи серијата на Мемфис

Јанис

Шампионот Милвоки Бакс покажа надмоќ и убедливо го совлада Голден Стејт Вориорс (118-99) на домашен терен. Јанис Антетокумбо одигра феноменелно и запиша „трипл-дабл“ од 30 поени, 12 скока и 11 асистенции. Гостите имаа ужасно прво полувреме, во кое постигнаа само 38 минути, па тоа ги остави без шанси на овој меч. Стеф Кари имаше вечер за заборав со 12 поени.

Единаесеттата победа во низа за Мемфис Гризлис дојде на дуелот со Минесота Тимбервулвс (116-108). Екипата со најдобра форма во лигата продолжи да реди триумфи. Овојпат пресуди тимската игра на Гризлиси, кои најдоа одговор за Расел и Таунс.

По славјето во дербито со Чикаго Булс, кошаркарите на Бруклин Нетс направија нов чекор назад и загубија од Оклахома Сити Тандер (109-130). На овој натпревар не настапија Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, што значително се одрази на играта на „мрежичките“. Шаи Гилгеус-Александар беше најефикасен кај победничкиот тим со 33 поени.

Денвер Нагетс го разби Портланд Треил Блејзерс (140-108). Факундо Кампацо беше одличен од клупата за резерви и го разигра домашниот тим. Вил Бартон со 21 и Никола Јокиќ со 20 поени беа најзаслужни за позитивниот резултат на екипата од Колорадо.

На последниот меч Њу Орлеанс Пеликанс лесно се справи со Лос Анџелес Клиперс (113-99).