• Саше Љолес
Управата на Милвоки Бакс го одреди 23 јуни како краен рок за одлуката околу иднината на нивната најголема ѕвезда, Јанис Адетокумбо.
До денот на НБА драфтот треба да биде познато дали грчкиот ас ќе остане во Милвоки или клубот ќе започне реконструкција на тимот и ќе се одлучи за негова размена.
Ова претставува голем пресврт во ставот на Бакси, бидејќи клубот со месеци тврдеше дека нема намера да се раздели со двократниот МВП на НБА лигата.
НБА јавноста со огромно внимание ја следи ситуацијата, а веќе се шпекулира дека неколку големи франшизи се подготвени да тргнат по потписот на Адетокумбо доколку Милвоки реши да го стави на трансфер-листата.


