• Саше Љолес

Србинот Никола Милутинов и неговиот Олимпијакос го надиграа вечниот ривал Панатинаикос во драматичната финална серија и ја освоија шампионската титула во Грција.
Последната етапа од плеј-офот понуди огромни тензии и инциденти, првенството беше на прагот на суспензија, а Милутинов е среќен што мечевите се доиграле и упати пофални зборови за своите соиграчи.
„Драмата конечно заврши и сега можеме да се наречеме шампиони. Знам дека многу пати работат емоции и страсти, така е секогаш во Грција. Се обидовме да одиграме максимално против исклучително силен ривал. Олимпијакос заслужи да е на тронот, честити за навивачите“, рече Милутинов.
Српскиот репрезентативец имаше одличен учинок на последниот натпревар и забележа „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 10 скокови. Олимпијакос ја освои петнаесеттата шампионска титула во домашното првенство.
ФОТО/PHOTO: Olympiacos BC