Милутинов договори екстра плата за да се врати во поранешниот клуб

Никола Милутинов е на пат да се врати во стариот клуб. Еден ден откако се раздели со гигантот од Москва, се појави информација дека за враќање кај Олимпијакос, кој во драматичен финиш ја загуби титулата во Евролигата, со кошот кој на три секунди пред крајот го постигна кошакарот на Реал, Серхио Љуљ.

Наводно, клубот и играчот се на прагот да си „подадат рака“. Никола е подготвен да ја прифати понудата од две сезони за три милиони долари, вклучувајќи ги и бонусите. Милутинов играше за Олимпијакос од 2015 до 2020 година.

За тоа време освои една грчка шампионска титула, двапати беше избран во најдобрата петорка на првенството, а во 2017 година ја доби наградата за играч со најголем развој. 

Во својата кариера Милутинов играше за Хемофарм, Партизан, Олимпијакос и ЦСКА Москва.