Милс и Бејнс диригираа, Австралија како лидер до втора фаза на СП

Кошаркарската репрезентација на Австралија перфектно ја заврши првата групна фаза на Светското првенство (СП) кое се игра во Кина, со три победи на три меча.

По победите над Сенегал и Канада, „кенгурите“ во рамки на третата рунда беа поуспешни од Литванија (82-87), во борбата за првото место во групата Х.

Австралијците имаа одличен прв дел и изградија висока предност, а во второто полувреме, иако Литванија се врати и приреди неизвесен финиш, сепак, немаше сила за комплетно изненадување.

Најдобар кај победникот беше Милс со 23 поени, а го следеше Бејнс со „дабл-дабл“ од 21 поен и 13 скока, додека кај Литванија, Григонис заврши со 19 поени, а Лекавичиус постигна 15 поени.