Милош Копривица нов центар на МЗТ Скопје!

Српскиот кошаркар роден во Босна и Херцеговина, Милош Копривица е најновото засилување на МЗТ Скопје за следната сезона, откако 29-годишниот центар потпиша едногодишен договор со скопскиот клуб.

Станува збор за искусен центар, кој своевремено беше голем талент на Партизан, каде што мина две сезони, а во ист период потоа настапуваше и во дресот на Мега баскет. Тој освен што настапуваше за овие два клуба во јадранската елита, добро ги знае приликите и во АБА2 лигата, со оглед што во неа играше како член на Ловќен, Подгорица и Сутјеска

Копривица минатата сезона ја мина во унгарскиот тим Капошвар од каде што направи трансфер во Аеродром.

Србинот е второ засилување за македонскиот шампион ова лето, по Американецот Брандон Слај.