• Саше Љолес
Коди Милер-Мекинтаер повеќе не е кошаркар на Црвена Звезда и го напушта белградскиот евролигаш после исклучително успешна сезона на индивидуален план.
Американскиот плејмејкер со бугарски пасош беше едно од најважните имиња во составот на Црвена Звезда, а во текот на сезоната се наметна како еден од најдобрите организатори на играта во Евролигата. Сепак, според најавите од српските медиуми, двете страни нема да ја продолжат соработката, и покрај тоа што имаше важечки договор.
Во изминатиот период се појавија информации дека за Милер-Мекинтаер постои сериозен интерес од неколку европски клубови, а како една од најреалните следни дестинации се споменува актуелниот европски шампион, Олимпијакос.
Кошаркарот пристигна во Црвена звезда во летото 2024 година по одличната сезона во Басконија, каде што се истакна како лидер во асистенции во Евролигата. И во белградскиот клуб продолжи со добрите партии и беше меѓу носителите на играта во домашните и европските натпреварувања.
Неговото заминување значи дека Црвена Звезда ќе мора да бара нов организатор на играта за следната сезона, а тоа најверојатно ќе биде македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс.
