Милано останува без кошаркар поради принудна операција на срцето

Бекот на Олимпија Милано, Диего Флакадори (29), ќе биде надвор од терените во наредниот период. Играчот на миланскиот клуб беше подложен на кардиолошка операција, по што го очекува неколкудневен одмор пред постепено да започне со враќање кон нормални активности.

Од клубот соопштија дека станува збор за планирана, минимално инвазивна процедура, но дека Флакадори мора строго да се придржува до препораките на медицинскиот тим во периодот на опоравување.

Оваа сезона тој одигра само еден натпревар во Евролигата, со вкупно три минути и 17 секунди на паркетот. Во италијанската лига запиша седум настапи, со просек од 1,1 поен по натпревар.

Состојбата на Флакадори ќе биде редовно следена, а неговото враќање на терен ќе зависи од динамиката на опоравувањето.