Милано го издржа трилерот и ја доби Барса во „Палау Блауграна“

Кошаркарите на Олимпија Милано ја „освоија“ Барселона, откако славеа во драмата во „Палау Блауграна“ со 73-75. Италијанскиот тим со подобра игра во завршницата успеа да ѝ го нанесе четвртиот пораз на Барса во Евролигата. 

Дуелот тргна изедначено, на стартот се играше кош за кош, а првата поосетна предност ја имаше Милано пред полувремето. Сепак, Барса се консолидираше и во третиот период дојде до највисоката предност на натпреварот од +10. Шпанците влегоа во последните десет минути со водство, но Милано се разигра и во трилер се радуваше на крајот. 

Најпрецизен играч на дуелот беше Курич од Барселона со 22 поени, додека Миротиќ и Родригез од Милано уфрлија по 18, а запазена партија имаше и Малколм Делејни со 15 поени. 

Претходно рутинска победа запиша Баерн, во Минхен против Жалгирис (74-65). Германскиот тим по три порази во низа конечно се израдува во елитното натпреварување, а литванскиот ривал остана закован на дното.