Милано донесе уште едно засилување по Димитријевиќ

Словенечкиот репрезентативец, Џош Нибо, официјално ја заврши својата етапа во Макаби, соопшти управата на „израелската гордост“. 

Високиот кошаркар не сакаше да го продолжи договорот, а италијанските медиуми веќе објавија дека Нибо е нов соиграч на нашиот Ненад Димитријевиќ во Олимпија Милано. 

26-годишниот Нибо е роден во САД, а пред да игра за Макаби настапуваше за Жалгирис Каунас и Хапоел Елијат. Минатата сезона во Евролигата просечно бележеше 11,2 поени и 7,1 скок по натпревар.

Неодамна доби словенечки пасош и можно е да настапува за „змајчеки“ на претстојните Олимписки игри во Париз.