Мијовиќ: Водството многу ни значи за самодовербата, овој месец играме одлично

Откако Работнички воо три натпревари си ја заврши работата во серијата против Феникс 2010, кошаркарските љубители очекуваат истото да го стори и Пелистер, кој е фаворит во серијата против Еуро Никел.

Пелистерци водат со 2-0 по битолскиот дел од четвртфинаето, а оптимисти се и пред третиот натпревар, попладнево во „Јасмин“ во Кавадарци. 

„Сите во клубот сме задоволни со водството во серијата од 2-0. Тоа е олеснителна околсност за нашата самодоверба. Оиме во Кавадарци по трета победа и завршување на серијата, за да се подготвиме подобро за полуфиналето. Не знам дали добро ја темпиравме формата, но во послендиот месец сме одлични. Ако сме ние максимални, посебно во одбраната, мислам дека бил кој противик во оваа лига нема што да бара против нас“, рече бекот Стефан Мијовиќ.

Дуелот попладнево во Кавадарци ќе биде шести меѓу Пелистер и Еуро Никел 2005 оваа сезона, а во претходните пет, четири победи извојуваа битолчани, а една кавадарчани.