Мијовиќ незадржлив, Пелистер ја надмина стотката против ФМП

Кошаркарите на Пелистер впишаа уште една рутинска победа во домашниот шампионат. По изненадувачкиот пораз од Чаир, од пред две кола, „зелено-белите“ врзаа две победи, откако од гости кај Навико ФМП Академија се враќаат со убедливи 85-112.

  • Комплетниот натпревар меѓу Навико ФМП Академија и Пелистер:

Македонскиот вицешампион до седмата овосезонска победа стигна благодарение на одличното прво полувреме. Уште во воведната четвртина момците на Дарко Радуловиќ покажаа квалитет и ефикасност (18-24), а потоа само продолжија во ист ритам и веќе на полувреме имаа високи +16 (34-50).

Стартот на третиот квартал донесе нешто подобра игра на домаќините и голема борба на паркетот, но во финишот пелистерци влегоа во нова серија и веќе се искачија на недостижни +22 (50-72). Во последните десет минути играта на домаќинот се распадна и Пелистер го искористи тоа за убедлива победа од 85-112.

Најдобар поединец кај битолскиот тим беше српскиот интернационалец Мијовиќ со 24 поени, а одличен беше и Маслинко со 18 поени. За домашниот тим се истакна Брукс со 22 поени.