Мијатовиќ не можеше сам, Блокотехна првпат поразена во БИБЛ сезонава

Кошаркарите на Блокотехна од Струмица со пораз ја почнаа новата 2019 година. Во рамките на групната фаза на БИБЛ лигата, „жолтите“ загубија во Бугарија од Академик Пловдив со 82-77. Бугарите беа подобар противник во текот на сите 40 минути, континуирано водеа и на крајот се радуваа со +5.

Водени од Мијатовиќ, гевгеличани се доближија до 70-68 во 37. минута, но Најт го зададе завршниот удар и бодовите останаа во Пловдив. 

Најефикасни поединци во тимот на Академик беа Најт со 27 и Бачев со 15 поени, а за гевгеличани најефикасен беше Мијатовиќ, кој крај своето име запиша 41 поен.

Овој пораз е прв за Блокотехна во БИБЛ лигата по три победи, а за Академик Пловдив триумфот број пет нуди можност да го продолжи лидерството во натпреварувањето.

На 8 јануари двата македонски претставници, Кожув и Блокотехна ќе се сретнат во првото македонско БИБЛ дерби на гевгелиските клубови.