• Саше Љолес
Македонскиот кошаркар Михаил Наумоски, син на легендата Петар Наумоски, ја продолжува својата кариера во турската Пинар Каршијака Баскет.
Наумоски претходно го носеше дресот на Академија ФМП, МЗТ Скопје и младинските екипи на Црвена Звезда до 17 и 19 години, а со Каршијака потпиша едногодишен договор за сезоната 2025/26.
Минатата сезона ја комплетираше во редовите на Вардар, а ова за него ќе биде прв посериозен интернационален предизвик.