Мидлтон се повреди, Милвоки ќе мора без шутерот во наредниот месец

Крис Мидлтон

Проблемите со бутниот мускул на левата нога ќе го натераат Крис Мидлтон, кошаркарот на Милвоки Бакс, да прави пауза од три до четири недели.

Искусниот шутер и еден од подобрите поединци во тимот се повреди за време на дуелот со Оклахома Сити.

Докторите му предвидуваат брзо заздравување и кам-бек на терените. Без него значително ќе се намали ефикасноста на екипата, која во голема мера зависи од неговите поени, покрај оние на Јанис Антетокумбо.

Во десетте натпревари одиграни во новата НБА сезона, Мидлтон оствари просек од 18,5 поени 5,7 скока.